After Midnight

Клучни моменти од големо значење за врската – Прашања кои секоја девојка треба да му ги постави на својот партнер

Дали некогаш сте размислувале за тоа дали директно му ги поставивте на вашиот партнер сите клучни прашања?

Понекогаш знаеме да премолчиме, затоа што се плашиме од одговорот, а понекогаш избегнуваме прашања затоа што мислиме дека веќе ги знаеме одговорите.

Идеализирање на нашиот партнер и фантазирањето на нашата врска, честопати може да нè наведе да скроиме сценарија од бајките, во кои ние сме главните актери. Експертите велат дека е многу подобро да се инвестира време во правилна и здрава комуникација.

Иако комуницираме на дневна основа, се случува да оставиме важни прашања настрана. Дознајте подолу кои се прашањата што секоја жена треба да му ги постави на својот партнер.

Прашања кои треба да му се постават на новиот партнер

Ако штотуку започнувате врска, знајте дека тогаш сте најмногу подложни на идеализација. Ако сте запознале момче, за кое мислите дека е интересно, ви се допаѓа и во него гледате многу потенцијал за нов партнер, треба да комуницирате со него искрено, уште од самиот почеток.

На самиот почеток, во првите неколку месеци, не можеме да зборуваме конкретно за љубовта, можеме да зборуваме за пријателството, страста и заљубеноста.

Експертите ве советуваат да го прашате вашиот нов партнер за општите работи коишто ви се важни, како на пример дали чита, дали планира да го продолжи образованието и обуката, дали е задоволен од неговата кариера и кои се неговите цели во кариерата за во иднина.

Пред да започнете сериозна врска

Веќе некое време сте во врска и подготвени сте за следниот чекор. Чувствувате дека овојпат направивте одличен избор и дека вашиот партнер е некој со кого сигурно ја гледате својата иднина.

Можеби сонувате како живеете заедно или како одите на некоја далечна дестинација следната година. Овие прашања можат да ви помогнат да откриете што навистина мисли вашиот партнер и дали ги има истите планови:

„Каде сакаш да патуваш следната година? – Ќе добиете одговор за дестинацијата, но исто така ќе можете да заклучите дали партнерот има желба да патува со вас или сам со своите пријатели. Ако тој не спомене вашето заедничко патување, ќе ви биде јасно кои се неговите намери.

Знаци кои откриваат дали вашиот партнер е сериозен со вас, исто така може да бидат дали тој сака да ве запознае со своето семејство, дали сака да се појави на важни настани со вас, дали ве запознал со неговите пријатели. Понекогаш малите нешта можат да ни кажат многу.

Дали е време за свадба?

Свадбата е најубавиот ден во животот на многу жени и тие се во состојба да го испланираат тој ден со месеци однапред, без да размислуваат за ништо друго.

Ако претходно не сте живееле со вашиот партнер, треба да го прашате како тој гледа на вашиот заеднички живот и дали нешто ќе се промени значително по венчавката – дали ќе можете да продолжите да им го посветувате времето на пријателите како порано, дали ќе направите ваши сопствени одлуки за важните работи или прво мора да се консултирате со неговите или вашите родители, дали ќе имате заедничка каса или секој ќе ги троши своите пари.

Овие прашања може да изгледаат премногу едноставни, но подобро е да размислите за нив на време.

Прашањата треба да бидат специфични и партнерот треба да им одговори искрено, за да биде сигурен во планирањето на заедничката иднина.

Откако ќе ги добиете одговорите, можете да разговарате за нив понатаму или едноставно да заклучите. Кратките и јасни прашања секогаш изгледаат најтешки, но од нив ги добиваме одговорите што навистина ни се потребни!

Напиши коментар