Науката смета дека астрологијата е глупост, но сигурно е дека поп-sвездата Мадона одбила да соработува со Дејвид Гетa поради неговиот хороскопски знак.
За продукција на нејзиниот дванаесетти албум, Мадона планираше да го ангажира Дејвид Гета. Поп-sвездата, позната лавица, одби да соработува со славниот диџеј, Дејвид Гета, бидејќи е роден во знакот на Скорпија. Според хороскопските пресметки, овие два знака лошо се сложуваат во бизнисот.
„Таа ме покани на ручек. Разговаравме за сè, за музиката, за продукцијата. Беше многу опуштено, седам со Мадона, кул. Сфатив дека таа многу ја сака мојата работа и дека е воодушевена од ремиксот“, изјави Дејвид Гета.
Во разговорот, дојдовме и до приказната за меѓусебна соработка, до тоа дека сум Скорпија во хороскоп, а таа лавица, и дека двата знака не се согласуваат.
Тогаш таа ме изненади велејќи:
„Жал ми е, нема да можеме да соработуваме. Ми беше задоволство да се сретнам со тебе. Догледање. Бев во шок“, раскажа Гета смеејќи се.