Free zone

Кога е модата во прашање, таа никогаш не греши: Модните правила на Амал Клуни

Амал Клуни (42) се најде во центарот на вниманието стапувајќи во брак со Џорџ Клуни, а за кратко време стана пример за многу жени ширум светот.

Таа е образована, амбициозна и успешна жена. Освен тоа, нејзиниот стил е беспрекорен. Таа многу добро ги знае сите модни правила и што е во тренд. Ова се 6те модни заповеди, коишто сите жени треба да ги усвојат.

Кога станува збор за модата, Амал строго ги следи овие правила:

Правило 1: Секогаш бирајте фустани кои му ласкаат на вашиот облик на телото
Не водете се според трендовите, туку изберете ја гардеробата што најмногу одговара на вашата градба. Амал сака да носи фустани и се чувствува најдобро во нив, но никогаш не би носела нешто по секоја цена само затоа што е во тренд.

Правило 2: Секогаш купувајте го точниот број
Таа скоро секогаш го почитува ова правило и вели дека можноста за грешки е сведена на минимум.

Правило 3: Инвестирајте во квалитетен капут
Амал е сигурна дека секоја жена во гардеробата мора да има барем еден модел на добро скроено палто. Таа предлага еднен во светла боја што ќе го направи секој стајлинг поинтересен.

Правило 4: Во некои прилики потпетиците не се добар избор
Поголемиот дел од времето го поминува во судницата и е претежно на високи потпетици, но вели дека тие понекогаш не се најдобрата опција. Кога не е на суд, со задоволство се одлучува за рамни и удобни чевли.

“Не носете потпетици по секоја цена. Жената може да изгледа одлично и во рамни чевли, а во некои прилики е едноставно несоодветно да се носат”.

Правило 5: Помалку е повеќе
Таа сака додатоци, но никогаш не претерува. Верува дека едно парче накит е доволно за да се комплетира секоја облека.

Напиши коментар