After Midnight

Кога е вистинското време да се каже – „Те сакам“?

Кога станува збор за љубовта, најдобро е да не ги слушате другите и да им верувате на своите чувства и нагони.

И едно од најважните прашања, на кое секој ќе ви даде различен одговор, е: кога е вистинското време да кажете за прв пат: Те сакам.

Логичен заклучок би бил – штом го почувствувате тоа, но не е сè толку едноставно во врската.

Па, ајде да погледнеме што вели истражувањето спроведено на 6.000 луѓе – 62 проценти сметаат дека мора да го кажете тоа кога ќе го почувствувате тоа, 22 проценти сметаат дека е подобро да почекате неколку месеци, додека 3 проценти да кажат најмалку една година.

Друга студија покажа дека момчињата во просек чекаат три месеци додека не ѝ соопштат љубов на својата партнерка, а дамите се уште позатворени и дури по пет месеци се подготвени да кажат: Те сакам.

Исто така, постои предрасуда што гласи: Јас нема да бидам првиот што ќе го кажам тоа!

Како и во сè, тука треба да најдете златна средина – вие не сакате да бидете еден од паровите што ги кажуваат тие два волшебни зборови 100 пати на ден, но исто така не сакате да ги кажувате по првата ноќ помината заедно.

Малку помош: ова се сигурни знаци дека сте подготвени да изјавите љубов:

  • Имате впечаток дека ќе експлодирате ако не го кажете тоа.
  • Таа реченица е секогаш на врвот на вашиот јазик
  • Добро се запознавте со вашиот партнер.
  • Ги препознавте недостатоците на вашиот партнер, но сепак имате чувство дека ги сакате.
  • Имате впечаток дека изјави од типот: ,,многу ми се допаѓаш” веќе не се доволни.
  • Чувствувате дека вашиот партнер реагира добро на вашите реченици: навистина ми се допаѓате или чувствувам дека сте толку блиску до мене.
  • Вашиот партнер кажува слични работи.
  • И двајцата зборувате за врската како нешто што ќе трае долго. Сепак, постојат ситуации кога не смеете да кажете за прв пат: Те сакам:
  • За време на водењето љубов.
  • Кога сте под дејство на алкохол.
  • Преку порака.
  • Кога се чувствувате под притисок.
  • Кога сакате нешто од вашиот партнер и мислите дека ваква изјава ќе ви помогне.

Напиши коментар