Free zone

Кога немате време: Од дневна до ноќна шминка во само 4 чекори

Имате многу важна средба, но немате време да одите дома за да се подготвите дополнително. Сè што ви треба е да се нашминкате наутро за да можете брзо да ја „надградите“ постоечката шминка непосредно пред излегувањето. Еве како.

Дневна шминка
Подлога. Клучот за долготрајната шминка лежи во правилното „подготвување“ на кожата на лицето. Нанесете го прво прајмерот, а потоа и коректорот (но само на критичните точки на лицето). Завршете со пудра.


Капаци
. Смирете го црвенилото и прикријте ги сите несовршености со нанесување на коректор на очните капаци.

Очи. Користете црн молив за очи за да нацртате тенки линии долж горните трепки. Завиткајте ги и нанесете два слоја црна маскара.


Образи. Потопете малку мат бронзер на јагодичките, сè до слопоочниците. Насмевнете се и нанесете розово руменило на поизразениот дел од јаготките.

Усни. Кармин во боја на црвено вино или сјај за усни ќе го комплетира вашиот секојдневен изглед и ќе направи да изгледате одлично. Оваа нијанса одговара на сите дами, без оглед на бојата на нивниот тен.

Ноќна шминка
Капаци. Направете ги очите во неутрален димен стил на очи со примена на хајлајтер под веѓите и во внатрешните агли на очите. Потоа, ставете чоколадно кафеава нијанса на очните капаци, а нагласете ги наборите над нив со бисерно розова сенка.


Очи. Задебелете ги веќе постоечките линии со друг слој црн молив за очи и нацртајте ги долните линии на трепките. Нанесете уште еден слој маскара.


Образи. Нанесете бронзер за дополнително да ги потенцирате јаготките и да ја зајакнете нивната контура. Ова ќе создаде подраматичен изглед.

Усни. Зголемете го интензитетот на бојата на усните со „фиксирање“ на карминот. Потоа, со молив во боја на зрели цреши, порамнете ги усните за да го направите карминот што е можно по траен.

На крај, нанесете малку проѕирен за усни на средниот дел од усните.

Напиши коментар