After Midnight

Кои се сигма мажи и зошто се толку популарни?

За да може некој да биде алфа маж, тој наводно треба да биде полн со самодоверба и желба да се истакне. Таквите лица сакаат да бидат на врвот на хиерархијата, поради што привлекуваат големо внимание и од жените и од мажите.

Наспроти нив се т.н. бета-мажи, кои прифаќаат алфа лидерство и несомнено се покоруваат на туѓите желби. Меѓутоа, постои друга група на мажи, а тоа е сигма.

Мажите од овој тип се многу независни и не бараат постојана валидација од други луѓе.

Тие се полни со самодоверба, но не се арогантни. Претежно се мирни и делумно интровертни.

За разлика од алфите, кои исто така се полни со самодоверба, сигмите не сакаат да бидат на врвот на туѓата пирамида. Тие претпочитаат да го изберат својот пат и да живеат во согласност со своите верувања.

Сигмите се тајни и не се отвораат лесно за другите. Главната работа за нив е да го задржат својот внатрешен мир и тие се многу внимателни при изборот со кого ќе се дружат.

На одредено ниво тие се осамени волци, кои не сакаат наметнати правила, конформизам и идолизирање.

Токму затоа што не откриваат многу за себе, тие се донекаде мистериозни за жените, квалитет што на многумина им е привлечен.

Како по правило, тие се интелигентни и независни лица, а познато е дека жените се слаби на таквите мажи.

Напиши коментар