Некои девојки сметаат дека тоа сепак не е нивна обврска.
Порано беше едноставно – се претпоставуваше дека момчето ќе плати пијалок или вечера на состанок. Еманципацијата промени сè, па многу парови го пречекуваат крајот на состанокот со трепет, прашувајќи се кој треба да ја плати сметката. Ова е особено изразено кај нас, каде што повеќето луѓе сè уште со презир гледаат на западната навика да ја делат сметката на половина.
Ако е прв состанок, ситуацијата е јасна – тој што се јавил плаќа. Дури и ако девојката ја иницирала средбата, извадете го паричникот и покажете подготвеност да ја регулирате сметката. И на следните неколку состаноци се очекува момчето да плати. Од учтивост, девојките ќе ја стават раката во торбата и ќе се преправаат дека бараат паричник, но не дозволувајте тоа да ве измами. Важно е да не се расправајте за плаќањето. Ако сепак момчето одлучи тој да ја плати сметката, ќе оставибав впечаток го направи тоа додека девојката е во тоалетот. Ако не сте во најдобра финансиска позиција, првично изберете места што нема да бидат голем удар за вашиот буџет.
Како што се развива врската, правилото е двете страни да учествуваат во плаќањето. Ако девојката никогаш не понуди да ја плати сметката, запрашајте се зошто е со вас.