Лана дел Реј објави видео запис за песната „Chemtrails Over the Country Club“, со што го најави својот нов албум. Сепак, видеото разбесни многу обожаватели на нејзината музика.
Седмиот студиски албум на пејачката треба да пристигне пред публиката на 19 март годинава.
Спотот пристигна еден ден откако пејачката објави список со песните и насловни фотографии од новиот албум. Таа им објасни на фановите што точно сака да изрази со новите песни.
„Ова се моите пријатели, ова е мојот живот. Сите ние сме убава мешавина од сè – некои повеќе од другите, што е видливо и е прославено во сè што правам “, напиша Лана.
Новото видео ги разбесни фановите затоа што Лана повторно стави мрежеста заштитна маска, поради што веќе беше сериозно искритикувана од јавноста. На промоцијата на нејзината книга, пејачката носеше мрежеста маска со циркони, која не пружа никаква заштита. Фановите сметаа дека се однесува неодговорно и дека не треба да си игра со своето здравје, но се чини дека не се грижи многу за таквите критики.