Celebrity

Корона мода: Ким Кардашијан, Ријана и Сара Џесика Паркер не ја напуштаат куќата без овие две облеки (ФОТО)

Високите потпетици веќе не се резервирани за здолништа и фустани, короната донесе нови правила.

Ние порано се смеевме на жени кои носеа потпетици и тренерки, бидејќи тоа се сметаше за врв на лош вкус. Светските sвезди донесоа нови правила за време на короната!

Првиот, секако, го започна Ким Кардашијан, а таа првпат се појави во тренерки и потпетици минатата година. Во тоа време, никој не помислуваше дека тоа ќе стане „моден крик“. Ким е видена неколку пати во сива тренерка и високи, тенки потпетици. Таа ја повтори оваа комбинација неколку пати, додаде секси топ, а бизарната мода се прошири понатаму.

За Ријана многумина сметаат дека е модна икона, а тренерките и потпетиците веднаш ѝ се допаднаа! Таа прво патуваше вака облечена и беше снимена на неколку аеродроми. Таа исто така го додаде својот придонес кон овој уличен шик – започна да носи тренерки со сандали и палто. Вака облечена, таа исто така беше видена како оди на вечера!

Кери Бредшо даде свој придонес во новиот тренд пред неколку дена. Имено, Сара Џесика Паркер (55) никогаш не заостанува во модните изданија, па прошета низ Њујорк во сива тренерка и морнарски кожни чевли со потпетици.

После Сара Џесика Паркер и другите холивудски sвезди почнаа да го следат „трендот на короната“, па ги споија тренерките и потпетиците, а на оваа листа се најдоа и Селена Гомез и Џенифер Лопез.

Напиши коментар