Американската серија „Сексот и градот“ добивс уште една сезона, а продукцијата, со претставувањето на трејлерот, реши да открие уште неколку детали за новите епизоди.
Во новите епизоди ќе учествуваат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, но без Ким Катрал, која ја играше легендарната Саманта Џоунс. Продуцентите открија дека новата сезона носи 10 нови епизоди, а секоја од нив трае по половина час.
Новиот продолжеток се вика „And just like that…“, а актерките веќе споделија кратка најава за новите епизоди на своите социјални мрежи.
Продукцијата објави дека во оваа сезона ќе се следат животите на три 50-годишни жени во Њујорк, како и нивните врски, пријателства и кариери.