Секоја врска паѓа во криза, и тоа е сосема природно. Следниот пат кога ќе имате љубовни проблеми, проверете да не ги заборавивте овие пет основни совети.
Комуникацијата е клучот
Колку пати и да ви било кажано дека отворената комуникација е клучна за здрава врска, никогаш нема доволно повторување. На крајот на краиштата, нема ништо што разумната комуникација помеѓу две рационални човечки суштества не може да го реши.
Споделете ја маката
Тешко е да се справите со секојдневните проблеми, па затоа е многу важно да разговарате со вашиот партнер за тоа што ве мачи, со цел подобро да се разберете. Покрај тоа, не би било лошо да се обидете да ги споделите домашните работи (ако тоа не е веќе случај), така што и двајцата ќе имате време да се одморите.
Почитувајте го вашиот партнер
Овој совет веројатно го имате слушнато илјада пати, но факт е дека честопати е многу лесно да се заборави основната работа во секоја врска – почитта. Кога ја цените работата на вашиот партнер, тоа предизвикува чувство на благодарност, а со тоа и подобро расположение. Не мора да правите чуда, доволно е само мал знак на внимание.
Работете на интимноста
Кога зборуваме за интимност, тоа не е само физичка, туку и емоционална, интелектуална и духовна интимност. Интимноста е нешто што се гради и расте со текот на времето со вашата врска, затоа обидете се да бидете трпеливи и да не донесувате импулсивни одлуки.
Бидете со некој што ги дели истите вредности
Да се биде со некој што ги дели истите вредности, автоматски, значи дека ќе имате помалку материјал за кавга. Кога имате слични цели и знаете што сакате од животот, ќе ви биде многу полесно да комуницирате со вашиот партнер и да поминувате време заедно.