Free zone

Мафини во форма на срце

Дури и наjтврдото срце ќе се стопи пред заводливиот вкус на чоколадни колачи со вкус на љубов. Зачинете ги најубавите моменти со мафини во форма на срце.

  • Состојки
  • 1 чоколадни мафини Долчела
  • 1 јајце
  • 100 мл масло
  • 150 мл вода
  • 2 лажици ликер од бадем
  • За кремот:
  • 100 мл шлаг + Долчела
  • 1 – 2 лажички црвена боја за храна за овошје (малина, јагода, капина или боровинка)

1. Во смесата за мафини додадете јајце, масло, вода и ликер. Измешајте со електричен миксер за да добиете мазно тесто. На крај, промешајте ги парчињата чоколадо.

2. Во калапите за мафини ставете хартија(12) и преклопете ги од едната страна за да добиете форма на срце. Ставете нешто (на пример, стаклено топче) на тоа место за да ја задржите формата за време на печењето

3. Со лажица изедначете ја смесата во корпите. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 ° С.

4. Печените мафини оставете ги да се оладат во корпите.

5. За кремот, изматете го шлагот и додадете ја бојата за храната . Измешајте добро за да добиете кремаста смеса.


Декорирање
Користете торба за пециво, нанесете крем на разладените мафини и украсете со црвено овошје.

Совет
Ако сакате да го збогатите кремот, во шлагот додадете 200 гр маскарпоне.

Напиши коментар