Free zone

Мали трикови злато вредни – Ако накачивте некој килограм плус, ние имаме решение како визуелно да го прикриете!

Со неколку едноставни трикови, секој од нас може да изгледа многу подобро. Со цел да се избегне прекумерно потење, а на кожата да и се овозможи да дише, пожелно е целата облека да биде изработена од некој природен материјал, како што е памук, лен или вискоза.

Исто така, треба да се избегнуваат синтетички ткаенини со голем процент на ликра, бидејќи тие се лепат на телото и дополнително ги потенцираат неговите неправилности.

Еве како лесно да ги скриете вишокот килограми

Фустаните и маиците во „V“ го истакнуваат деколтето и ја потенцираат линијата на вратот, па затоа се одличен избор за дамите со прекумерна тежина.

Кога станува збор за здолништата, хоризонталните линии и моделите со набори во никој случај не смеат да се најдат во нивната гардероба. Женственоста може успешно да се потенцира и со здолништа со прав кроји средна должина. Тие ќе направат вашите нозе да изгледаат подолги и потенки.

Вертикалните и коси линии и ласкаат на секоја фигура

Со текот на годините, метаболизмот се забавува, а секој внес на калории станува видлив. Задникот го губи тонусот, а колковите се шират. Кога купувате панталони или фармерки, треба да имате предвид дека моделите со нормален или висок струк се вклопуваат многу поцелосно. Плитките модели треба да се избегнуваат, бидејќи дополнително го истакнуваат „салцето“ на колковите и стомакот.

Покрај вистинскиот модел, подеднакво е важно да се избере соодветната големина на облеката. Обидот визуелно да се стесни фигурата со купување на два броја помали фармерки е осуден на пропаст. Една од заблудите е и дека премногу облека го крие вишокот тежина.

По купувањето гардероба, потребно е да изберете и додаток. Впечатливите обетки или ѓердани ќе ги насочат погледите кон лицето, а добро решение е да носите марама, што лежерно го покрива телото. Кога станува збор за обувки, балетанките и рамните чевли дефинитивно треба да се заменат со чевли со средна потпетица – а со тоа, силуетата ќе биде издолжена.

Напиши коментар