Free zone

Мало дете со огромно срце – Павле Абрамов од Русија најде начин како да им помогне на кучињата од улица!

Тој има само девет години и огромно срце. Овој мал уметник ги дава сите пари коишто ќе ги заработи од неговите дела, за храна за животните кои се наоѓаат во азил.

Не мора да бидете големи за да направите промена во светот. И децата можат да го сторат тоа!

Деветгодишно момче од Русија, Павле Абрамов, најде решение како да им помогне на локалните азили. Тој е вистински мал уметник и одлучи својот талент да го искористи на прекрасен начин.

Имено, тој започна да создава слики од домашни миленици, но парите од продажбата не ги зема за себе. Од сè што ќе заработи, одлучи да купува храна и сè што им треба на животните кои се наоѓаат во азил.

Неговата мајка, Екатерина му помогна во проектот „Хуманитарна четка за сликање“. Љубовта кон животните навистина може да биде безгранична. Хуманата приказна што нè воодушеви започна по тешко лично искуство.

Детето одлучи да започне со овој проект, откако неговото семејство изгуби домашно милениче. Тогаш му стана јасно колку животни живеат на улица и дека очајно им треба помош.

Напиши коментар