Astro&Horoscope

Марс/Уран – Сите тајни излегуваат на виделина!

На 19.01. и 20.01. Марс и Уран се среќаваат. Ова е аспект на необично и ново искуство, можеби малку ексцентрично и чудно, во секој случај ги надминува сите калапи и очекувања. Користете ја оваа енергија за да запознаете, разберете, да користите некои оригинални и креативни решенија, да се преселите од едно место на друго, да донесувате одлуки што ќе ве водат напред, кон подобро, но сè што правите треба да биде на внимателен начин, да работите во име на себе, а не против себе.

Ова планетарно соединение е експлозивно, ексцентрично и непредвидливо.

Наликува на молња што прободува темно небо, проследена со грмотевици.

Светлото ќе се запали, ќе има ненадејно сознание, откритие и ова доведува до промени што е тешко да се запрат.

Склони сме на ненадејни реакции, несовесни сме, како да не можеме да се спротивставиме на самите себе, затоа што нешто не принудува да го направиме токму она што сме го зацртале. И контролата сега е повеќе од потребна.

Одложете ги реакциите особено ако чувствувате немир, лутина, каква било друга силна емоција.

Размислете, запрашајте се, дали ова што ќе го сторам сега е за мое добро?

Постои силен повик да се одделиме и од сè што не задржува и нè врзува со синџири.

Овие можат да бидат внатрешни услови, но и надворешни околности. Револуција на дело.

Сè ќе биде придружено со силна возбуда, немир.

Може да се појави и желба за авантура од сексуален тип.

Но, кога ќе се занесете со своите инстинкти, можеби ќе размислите подоцна – што ми требаше тоа?

Пазете се од ризична љубов и финансиски одлуки, што доведуваат до загуба.

Внимавајте на вратот, грлото, колената, гласните жици, тироидната жлезда.

Пандорината кутија се отвара, а се што ќе излезе од неа, ќе има огромно значење за нас.

Напиши коментар