Free zone

Маски за лице за различни типови на кожа

Брендираните маски понекогаш имаат лош состав

Ако сте уморни од купување брендирани маски за лице ѝ ако сфатите дека нивниот состав ви штети многу повеќе отколку што ви помага на долг рок, време е вие, како и милиони жени, повторно да се свртите кон природата и да и дозволите да ви помогне со своите лековити својства.

Она што на вашата кожа и треба да изгледа посвежо повторно е редовна нега и редовна употреба на природни маски, направени од органски одгледувано овошје:

СЛИВИ – за мрсна и проблематична кожа

Излупете и изматете неколку сливи и додадете 5-10 капки сок од лимон. Нанесете ја маската на исчистената кожа на лицето и деколтето и оставете ја да делува 15 минути. Исплакнете го со топла, а потоа ладна вода.

Оваа маска треба да ја користите 2-3 пати неделно.

ЈАБОЛКА – за сува кожа

Испечете 2 јаболка. Изгмечете ги, па додадете изматена жолчка. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 10 минути.

Користете маска од јаболко еднаш или двапати неделно, а по првата недела ќе забележите неверојатни резултати.

Грозје – за сите типови на кожа

Исчистете ги зрната грозје од лучпи и семки. Изгмечете ги и нанесете ги на лицето без други додатоци.

Витамини А и Ц, винска киселина и пектинот од грозје се добри за секој тип на кожа и го освежуваат уште по првата употреба.

Напиши коментар