Free zone

Мажи или жени: Кој сака подлабоко и поискрено?

Жените имаат постојана потреба да бидат сакани, затоа кога не се сакаат себеси, тие често им се предаваат на погрешни партнери.

Многумина сметаат дека во љубовта, дамите знаат да каклулираат, додека чувствата на мажите се почисти, поискрени и подлабоки. Дека жените, и покрај емотивноста, претпочитаат да се ,,заљубат со разум ”, а мажите со срцето. За да ја потврдат оваа теза, многумина се повикуваат не само на поетите, туку и на истражувањата, како што е она спроведено од страната Match.com. Според тоа истражување, мажите се заљубуваат побрзо, а кога се во врска со жена што им се допаѓа, за нив е помалку важно да имаат време за себе, на кое дамите инсистираат и кога се заљубени.

Љубовта е комплексен феномен. Но што што значи чиста, длабока, искрена љубов и како се мери? Љубовта како поим е тешко да се дефинира, бидејќи е полна со различни значења. Ако искрените чувства подразбираат отсуство на каква било корист и само уживање во другата личност, тоа е во спротивност со фактот дека се гради љубов. Длабочината на љубовта е поетски, недостижен концепт, кој ѝ припаѓа можеби повеќе на поезијата отколку на науката и психологијата.

Не секој може да сака на ист начин, бидејќи тоа зависи од односот со родителите, искуствата со важни луѓе во текот на животот, а исто така е важно и влијанието на културните и социјалните норми.

Постојат непишани правила според кои мажите не смеат да се однесуваат феминизирано и да покажуваат сомнеж, слабост, сочувство, страв или повреда, додека истото однесување кај жените не се гледа како такво. Можно е, под влијание на културните разлики, и двата пола да научат како да изразат љубов и како не. Некои експерти тврдат и дека има биолошко влијание на одредени хормони врз чувството на приврзаност, грижа, агресија – забележува психологот.

Еволуциони психолози сметаат дека клучот лежи во биологијата, тврдејќи дека несвесниот механизам на жената е вклучен во изборот на партнер, кој го оценува мажот како соодветен или несоодветен татко. За некои, тоа е уште една потврда дека припадничките на понежниот пол се пресметливи кога избираат партнер кој ќе им донесе на нив и на нивните потомци највисок степен на безбедност.

И ако е така, дали тоа значи дека нивната љубов е неискрена? Не значи дека сите жени мислат на мажот како иден партнер и татко на нивното дете. Секој од нас има свесна и несвесна основа за избор на партнер.

Вообичаено е мислењето дека дамите бараат витез кој ќе ја заштити и ќе ѝ обезбеди мирен живот, а потребата за безбедност ги карактеризира сите луѓе. Сепак, кај мажите се потиснува за време на адолесценцијата.

  • Општеството нè учи дека персонификацијата на мажественоста, ако е ориентирана кон акција, е независна. Мажот е оној што ја контролира ситуацијата и внимава никогаш да не покажува вознемиреност, ранливост и неспособност пред никого. Ова не значи дека таков човек ја изгубил потребата за безбедност, но научил сам да го задоволи тоа. Жените немаат таков социјален притисок, дури се охрабруваат да бараат заштита и безбедност кај мажот. Секако, денес сè повеќе луѓе ги надминуваат овие граници.

Друг аргумент „изваден од ракавот“ од поборниците на тезата дека мажите сакаат поискрено се заснова на студии како онаа објавена во „Списание за здравје и социјално однесување“, што покажува дека по раскинувањето посилниот пол страда повеќе. Некои истражувања докажуваат дека тие никогаш не се опоравуваат целосно ако сакаат жена. Но, дури и тоа не е знак дека тие повеќе сакале. Психологот Крег Морис објаснува дека болката при раскинување нема никаква врска со моќта на љубовта, туку со разликите меѓу половите. Дамите губат повеќе ако се забавуваат со погрешен партнер, бидејќи дури и еден краток состанок може да резултира со бременост, па затоа подобро да го прифатат фактот дека врската е завршена и да започнат да бараат нов партнер. Од друга страна, кај човекот тој има натпреварувачки дух, сфаќа дека ќе мора повторно да се натпреварува за да го надополни изгубеното, а тоа може да го наведе да помисли дека загубата е непоправлива.
Значи, тој аргумент паѓа и во вода.

И конечно, се враќаме на почетокот. Поетите и општеството ќе продолжат да дискутираат за тоа „кој сака поискрено“ , обидувајќи се да ја разберат оваа тема до најситните детали. Психолозите се претпазливи во врска со ова прашање, бидејќи тие знаат дека луѓето имаат тенденција да ги генерализираат своите искуства.

Напиши коментар