After Midnight

Мажите откриваат: Црвенокосите девојки се најатрактивни!

Шегите и насловните страници на списанијата создадоа гласина за русокосите дека се сексуално најпосакувани. Дали е тоа навистина така? Одговорот е не.

Д-р Вернер Хабермел, од Институтот за истражување во Хамбург, спроведе студија во која тој ги спореди сексуалните навики на неколку илјади Германци и бојата на косата на нивните партнерки.

Заклучокот е дека црвенокосите жени имаат далеку поактивен сексуален живот од другите, пренесува порталот Метро.

Објаснувањето е прилично едноставно – тие полесно привлекуваат внимание, бидејќи се издвојуваат од толпата, ги нема премногу, а не помалку важен е и фактот дека нивната огнена боја на коса потсетува на младост и плодност.

Сите овие карактеристики, кога ќе се комбинираат, ги доведуваат до самиот врв на пожелност кај мажите, според д-р Хабермел.

Напиши коментар