Медисон Бир го објави краткиот филм наречен „Соништата изгледаат поразлично во далечината“.
Овој филм на 21-годишната пејачка е последен во нејзината серија на снимки за Vevo Lift.
На видеото, Медисон зборува за својата музика, обожавателите, славата и за тоа како се прилагодила на она што другите сакаат да го видат во неа.
Овој филм пристигнува непосредно пред објавувањето на нејзиниот деби албум „Life Support“, кој фановите со нетрпение го очекуваат!
„Албумот не е чист поп, јас експериментирав повеќе отколку што требаше“, објасни Медисон за нејзината музика.
„Јас не сум уметник кого можете лесно да го дефинирате и многу од овие песни се различни од сè што сум снимила претходно. Не се обидов да звучам како некој друг. Јас можам да звучам само како јас.„