И двајцата бевте ултра зафатени
Луди работни распореди, службени патувања и итни непланирани задачи можат да ја саботираат врската. Поминува премногу време помеѓу првите средби и онаа почетна искра почнува полека да згаснува. Растојанието од две недели е погубно. Емотивната врска сè уште не е создадена, а таа е онаа што ги придвижува работите да одат понатаму.
Мислел дека сте премногу за него
Кај мажите, чувството на привлечност зависи од тоа што тој мисли дека се очекува од нив – емоционално, финансиски, социјално…. Ако веќе го имате сето ова во вашиот живот, тие ќе се чувствуваат загрозено и ќе се повлечат. Решението не е да се откажете од вашиот голем живот, туку да му дадете до знаење дека може да придонесе за тоа, да биде дел од сето тоа.
Премногу се приближивте
Пријатен почеток на приказната во која вие преспивате кај него и тој кај вас, може да изгледа романтично, но брзото преминување од флертување во глумење на брачен живот може да го изгасне огнот.
Премногу долго ви требаше за да се отворите
Прескокнете ја „злобната“ пикантност и дајте му кратки црти за вашиот карактер пред да спиете заедно. Споменете сè што сметате дека е пресвртница што може да влијае на врската. На пример, дека некогаш сте живееле со момче. Мажите кои порано не дознаваат за такви работи, подоцна можат да се чувствуваат измамени и едноставно да си заминат.