Free zone

Модно парче кое повторно се враќа во мода – Го носат и мажи и жени

Зимата е период кога најмногу го носиме ова модно парче.

Изреката вели: „капата ја чува главата“, но во овој случај ќе го подигне вашиот изглед на повисоко ниво. Станува збор за „newsboy“ капа која ќе се вклопи во било кој стил.

„Newsboy“ започна да се носи во Америка на почетокот на 20 век и првично ја носеа колпортерите, дистрибутерите на весници и пристанишните работници, земјоделци, челичари.

Прогласена е за капа на пониските класи. Богатите, и кога ја носеле, тоа било исклучиво во слободно време.

Ова модно парче го најде своето место под сонцето, па сега и мажите и жените се задоволни што го носат.

Капата „Newsboy“ стана популарна во раните 2000-ти години.
Одлично се вклопува во секој стил, а добро ќе се вклопи ако сакате елегантен, женствен стил со плисирано здолниште и свилена кошула.

Исто така, таа е совршена за комбинација со лежерен стил и е вистински хит во комбинација со фармерки и „мечиња“ палтата. Во прилог на ова, добро се вклопува со еднобојни комплети и јакни во светли бои.

Богата е со материјал, малку „надувана“ со набори и копчиња на врвот. Може да ја најдете во разни дизајни и бои, подебели материјали за во зима или попријатни за во лето.

Напиши коментар