After Midnight

Моќта на бакнежот: Четири факти кои не ги знаевте за бакнувањето

Првиот бакнеж е незаборавен
Емоциите што ги доживуваме на првиот бакнеж, се толку силни што остануваат врежани во нашата меморија засекогаш. Според некои истражувања, повеќето луѓе паметат до 90 проценти од деталите за првиот бакнеж, дури и по многу години, па дури и по неколку децении од животот.

Кога ќе започнете, не сакате да застанете
Кога страсно се бакнуваме, секрецијата на невротрансмитерот допамин се зголемува. Таа работа кај нас предизвикува чувство на екстаза и нè тера да го повторуваме она што ни дава такво задоволство.

Жените сакаат да ги затвораат очите
Дури 95 проценти од жените се бакнуваат со затворени очи, додека дури 37 проценти од мажите претпочитаат да ги држат очите отворени за време на бакнувањето, но тоа не значи дека помалку уживаат во тоа. Објаснувањето е едноставно: машкиот пол е многу „визуелен“ и гледањето во нивниот партнер за време на бакнувањето дополнително ги возбудува.

Знак за тревога
За време на периодот на заљубување, бакнежите се почести и страствени, а со текот на годините тие стануваат гест на споделување, нежност и поддршка и природно е да се проретчат. Но, целосното отсуство на бакнежите може да биде предупредувачки знак за досада и презаситеност. Инаку, 66 проценти од жените и 19 проценти од мажите раскинуваат затоа што нивниот партнер многу лошо се бакнувал.

Напиши коментар