Free zone

На кои зборови кучињата најмногу им се радуваат

Сакајќи да откријат што најмногу сакаат да слушаат нашите миленици, истражувачите од OnBuy.com спроведоа тримесечно истражување за да откријат кои зборови и фрази милениците лудуваат од среќа.

Тие испитале 4389 сопственици на кучиња низ Велика Британија за да откријат кои се нивните омилени зборови. Откако сопствениците открија што најчесто им велат на кучињата, беа анализирани отчукувањата на срцето на милениците.

На прво место е зборот „прошетка“ со, во просек, 156 отчукувања во минута. Се покажа дека зборот доведува до просечно зголемување на отчукувањата на срцето од неверојатни 36 проценти кога се изговара.

Зборовите „вечера“, „храна“ и „јадење“ се на второ место со 152 отчукувања во минута, што претставува зголемување за 32 проценти.

„Деликатес“ е исто така во топ 3 со 151 срцев ритам во минута, што е зголемување за 31 процент.

Петте раси кои најмногу реагирале на зборовите се францускиот булдог, Бигл, Ротвајлер, лабрадор и дакел.

Напиши коментар