Free zone

Најчестите заблуди поврзани со човечкото тело

За некои од следниве „факти“ поврзани со човечкото тело, сте слушнале од членовите на семејството, пријателите или сте прочитале на Интернет. Ова се 7те најчести заблуди за човечкото тело.

1: Не е безбедно да се разбуди лице кое оди во сон

Вистината е обратна. Не е безбедно да му се дозволи да продолжи понатаму, бидејќи на тој начин ризикувате да падне и да се повреди. Сигурно ќе биде дезориентиран кога ќе го разбудите, но вие ќе бидете тука за да му објасните што се случило.

2: Не треба да јадете пред да одите на пливање

Консумирањето храна пред пливање не го зголемува ризикот од давење. Апстиненцијата од алкохол непосредно пред извршувањето на оваа активност, од друга страна, се препорачува.

3: Крвта во нашите вени е сина

Само така ни изгледа нам, поради начинот на кој кожата ја рефлектира светлината. Крвта во вените е црвена, исто како и насекаде во нашето тело.

4: Постојат рецептори за различни вкусови во различни делови на јазикот

Некои делови од јазикот може да бидат почувствителни на некои вкусови, но нема посебни делови на јазикот за слаткo, соленo, киселo или горчливи вкусови.

5: Гледањето телевизија одблизу го нарушува видот

Луѓето кои веќе имаат слаб вид се приближуваат кон телевизорот поради тој факт. Нивната миопија е претежно генетска и гледањето телевизија од мало растојание нема да ја влоши.

6: Ако често се бричите, влакната ќе растат побрзо и ќе бидат погусти

Само така изгледа следниот ден по бричењето, затоа што со тоа сте ги отстраниле врвовите на влакната, кои се потесни. Кога влакната ќе пораснат, ќе видите дека брадата и мустаќите се исти како и претходно.

7: Косата и ноктите продолжуваат да растат и по смртта

Всушност, се случува кожата да се исуши и да се собере, што создава илузија дека ноктите и косата се подолги отколку пред смртта.

Напиши коментар