After Midnight

Најдете време за вас и вашиот партнер – Неколку совети како најдобро да ги поминете празниците во пар

Иако декември нè изненади со пролетните температури, празниците се секогаш добро време за романтични моменти со партнерот.

Многу вработени имаат само неколку слободни денови и треба да ги искористат најдобро што можат. Кога паѓа снег, се палат свеќи и се пие вашиот омилен пијалок, а со тоа амбиентот станува уште поубав.

Ја дочекавме оваа 2021 година на невообичаен начин, но добар помин можно е да имате и дома, а се што е потребно е малку волја и имагинација.

  1. Филмски маратон
    Оваа форма на забава може да биде интимна и релаксирачка, ако направите вистински избор на филмови за гледање. Иако романтичните комедии се дефинитивно први на списокот, обидете се да ја збогатите вечерта и со други жанрови.
  2. Огномет
    Ако сте доволно среќни да имате огномет близу вас, излезете на улица или на прозорец и уживајте во сцената. За малку повеќе романтичните парови, предлагаме ќебиња и шампањ за целосна атмосфера.
  3. Еднодневно патување
    Краткото бегство од секојдневниот живот не само што може да биде пријатно во сегашните околности, туку и да стане дел од традицијата.
  4. Посета на местото кадешто бил вашиот прв состанок
    Нема подобра основа за успех во иднина, отколку да се погледне назад на самиот почеток на врската. Дури и ако првиот состанок бил незгоден, враќањето во тој момент може да оживее убави спомени.
  5. Планови
    Овој предлог се однесува на парови кои се во долга врска, а почетокот на годината не може да биде подобро време за тоа.

Напиши коментар