Celebrity

Најдобрите цитати на Коби Брајант за животот и кошарката – „Ако се плашите од неуспех, најверојатно ќе го доживеете“

Еден од најдобрите кошаркари во историјата трагично загина, на само 41 годишна возраст, заедно со својата ќерка Џијана (13) во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Тој одамна влезе во легендата на најсилната лига на светот, а ненадејната трагична смрт на човек кој целата своја кариера ја мина во Лос Анџелес Лејкерс, го погоди целиот Универзум.

И познатите и непознатите се збогуваат со Мамбата, а зад Брајант остануваат сите незаборавни игри, освоени титули со тимот од Лос Анџелес, но и неговите цитати.

  • Она што луѓето го гледаат на теренот не сум јас, туку другата страна од мене.
  • Едно нешто што треба да знаете за мене е дека немам филтер кога станува збор за мислења. Навистина немам проблем да кажам што точно мислам за некоја личност.
  • Најважно е да се обидете да ги инспирирате луѓето да бидат најдобри во она што го прават.
  • Концентриран сум на една и единствена работа – а, тоа е да освојам што повеќе шампионски титули.
  • Јас сум тука, не одам никаде. Без оглед на сериозноста на повредата – освен ако целосно не ме онеспособи – јас ќе бидам истиот играч што сум бил отсекогаш. Ќе најдам начин да го сторам тоа. Ќе направам некои измени, некои промени, но сепак доаѓам.
  • Се сомневам во себе. Имам несигурности. Имам страв од неуспех. Има ноќи кога ќе дојдам на арената и мислам: „Ме боли грбот, ме болат колената, ме болат стапалата и не можам да продолжам, само сакам да се одморам. Сите се сомневаме во себе, тоа е неспорно, но тоа не значи дека треба да им се предадеме на овие сомнежи. Тие треба да бидат прифатени.“
  • Играм против одлични играчи, играм против најдобрите играчи во светот. Конкуренција – тоа е она што го чекав цел живот.
  • Може ли да прескокнам две или три лица како порано? Не можам. Дали сум брз како порано? Не сум, но сепак останувам на истите основи и стратегии. Тоа е она што ми овозможува да продолжам да бидам доминантен играч. Растејќи, никогаш не прескокнував чекори. Отсекогаш сум работел на основните работи, бидејќи знам дека кариерата на еден спортист е минлива.
  • Ќе направам се што е потребно за да победиме во играта, без разлика дали тоа вклучува седење на клупа додека мавтам со пешкирот, додавање чаша вода на мојотсоиграч или погодувње во победничкиот кош.
  • Меџик има освоено пет шампионски титули и јас имам освоено пет шампионски титули. Јас сум прилично сигурен дека и двајцата знаеме што правиме.
  • Често се повлекувам од толпата.
  • Моите родители се мојата поддршка. И сè уште се. Тие се единствената група што ќе ме поддржи подеднакво, ако постигнам 0 поени и ако постигнам 40.
  • Ако се плашите од неуспех, најверојатно ќе го доживеете.
  • Најважно е да ги информирате сите околу вас дека сте таму и дека сте сериозни. Јас не сум играч кој ќе се појави и ќе си замине. Јас не сум играч кој ќе влезе во најдобриот тим еднаш или двапати. Тука сум за да бидам најдобриот досега. Јас еднаш ветив дека ќе станам еден од најдобрите. Тогаш играта стана сè за мене.
  • Последен пат се исплашив кога имав шест години. Бев на карате тренинг, имав портокалов појас, а тренерот ми нареди да се борам со едно постаро момче кое има црн појас. Се заебав. Се плашев дека ќе ме победи, што и се случи, но не онолку колку што очекував. Тогаш сфатив дека нема причина да се плашам од ништо, дека тоа е само состојба на умот.
  • За можната пензија поради повреда: „Дури и без една рака, пак сте во можност да играте“

Напиши коментар