Се чувствувате запуштено и осамено? Дали мислите дека не сте толку важни за вашиот партнер како што сте биле на почетокот на врската или бракот? Дали ви недостасува неговото внимание? Не брзајте со заклучоците. Недостатокот на внимание што го добивате не мора да биде знак дека вашиот партнер се „оладил“ од вас, дека има друга жена или планира да ве напушти.
Префрлањето на вината е најголемата грешка што ја прават жените во такви ситуации – Не правете го ова додека не дознаете со што се занимава вашиот партнер. Можеби станува збор за стрес поврзан со работата, некои болести, проблеми со родителите, остатокот од семејството или со некој близок пријател.
Експертите истакнуваат дека не сте подготвени да ја слушнете неговата страна од приказната ако го обвините за одредено однесување. Од истата причина, тој нема да сака да ви се довери. Покрај тоа, ако го обвините дека сторил некое ужасно дело без никакви докази, тоа може дополнително да го оддалечи емоционално од вас.
Бидете сочувствителни, дајте му шанса да се изрази, сослушајте што го мачи и зошто ви го одзема вниманието, па дури потоа проценете и постапувајте.
Многу луѓе во врските забораваат дека не смеат да се потпираат единствено на партнерот за да се чувствуваат посебно, привлечно или успешно. Бидете самите на себе на прво место, научете како да се задоволите, посветете се на вашето ментално здравје и тогаш полесно ќе се справите со сите можни предизвици во врската или бракот.