Free zone

Најново истражување: Еве во која година од животот жените се најсреќни

Според научните истражувања, докажано е дека жените се најсреќни во својата 28 – ма година. Тие се задоволни со својот изглед и љубовниот живот, што прави да се чувствуваат сигурни.

Во овој период, тие најмногу уживаат во сексот. Сепак, научниците исто така тврдат дека колку повеќе жените се поблизу до триесеттите години, толку повеќе тие се грижат за стареењето, брчките и седата коса. На 28-годишна возраст, женската коса изгледа одлично, телото е убаво обликувано, а тоа доведува до чувство на самодоверба. Безбедноста на работа, редовните примања, стабилната врска и добрите пријатели помагаат жената да се чувствува задоволно во животот.

Истражувањето покажало дека жените се најзадоволни од својата кариера на 29-годишна возраст, додека пак тие се најзадоволни од љубовните врски во триесеттите години, и покрај фактот што тие рекле дека сексот им бил најдобар на 28-годишна возраст.

33-годишните жени се најзадоволни од финансиската состојба, а 32-годишните уживаат во домот и семејството.

Напиши коментар