Жените изгледаат добро само два часа од денот, иако трошат повеќе од 40 минути на разубавување.
Во просек, им требаат 38 минути секој ден за подготовка – 10 минути за туширање, 11 минути за средување на косата, осум минути за шминка и девет минути за избор на облека. Истражувачите откриле дека два часа по напуштањето на куќата, жените почнуваат да го губат утринскиот сјај.
Истражувањето, направено врз 2.000 жени, исто така покажало дека повеќето жени одат во тоалет околу 12 часот за да се „освежат“, да ја поправат шминката и фризурата.
Меѓутоа, во попладневните часови, тие генерално губат интерес за нивниот изглед, избегнувајќи да се погледнат во огледало.