After Midnight

Најново истражување: Мажите најмногу ги привлекува високиот коефициент на интелигенција

Професорот по биологија, Дејвид Бејнбриџ смета дека мажите најмногу ги привлекува мозокот кај една жена, бидејќи високиот интелект укажува на способноста на жената дека ќе биде одговорна мајка. Тој верува дека мажите ја ценат интелигенцијата многу повеќе отколку, на пример, големите гради.

И иако големите гради станаа симбол на женственост и се сметаат за „врв на привлечноста“, мажите, кога бараат долгогодишна партнерка и мајка на своите деца, претпочитаат интелигенција, бидејќи тоа укажува дека жената ќе биде одговорна мајка, пишува британскиот весник Телеграф.

„Големината на градите за мажите навистина не е важна. Всушност, големите гради имаат тенденција да бидат асиметрични, додека мажите ги привлекува симетријата. Покрај тоа, големите гради прави жената да изгледа постаро, а мажите ја ценат младоста“, објаснува професорот Бејнбриџ.

Тој наведува дека мажите не се толку луди по долгите нозе, како што се верува, туку повеќе сакаат да гледаат пократки, но прави нозе, кои се симбол на „добри гени“. Исто така, мажите, според него, претпочитаат жени со облини, потенок струк и поголем задник, т.е. форма на тело што укажува на тоа дека жената ќе може полесно да ја поднесува бременоста.

„Сепак, единственото нешто што мажите на крајот го бараат е интелигенцијата. Тоа покажува дека жената ќе може да се грижи за своите деца и дека е воспитана на вистински начин“, наведува професорот Бејнбриџ.

Напиши коментар