After Midnight

Најново истражување: Врските кои започнале online траат подолго од останатите

Апликациите за состаноци како „Тиндер“ биле користени од голем број на луѓе, особено откако светот беше погоден од Коронавирусот, така што шансите за средба со нова личност беа значително намалени. Едно истражување сега покажа дека оние врски што започнале токму така, на Интернет, траат подолго од другите.

Истражувањето е спроведено во Швајцарија на 3.235 парови, постари од 18 години, а психолозите заклучиле дека оние луѓе кои користат апликации за да се сретнат со сродната душа имаат многу поголеми и посилни цели во љубовната врска, а со тоа и поголеми шанси да се најде вистинската личност.

Исто така, оние парови кои се среќаваат на Интернет многу порано сакаат да започнат да живеат заедно. Истражувањето открило и дека апликациите помагаат во негување на врските на далечина, дека луѓето имаат поголема веројатност да имаат деца, дека се сексуално задоволни исто како и оние парови кои се запознале во живо.

Напиши коментар