Секој 8 март се слави Денот на жената. Тоа е прво и основно ден на љубовта, затоа не штедете зборови на тој ден. Ако веќе имате некој, не двоумете се, кажете го тоа гласно и јасно. Ако зборовите не ви се јака страна и сакате да ја искажете својата љубов на убав и интересен начин, можете да користите една од нашите СМС-честитки. Подготвивме за вас најубави љубовни честитки за 8 март девојки како и љубовни честитки за 8 март жени.
Честитки за 8 март девојки
Те сакам, до сјајните sвезди, до синото небо, ти си сè што ми треба, ти си мојот сон, мојата желба и целиот мој свет, моја убавина, радост мој најубав цвет! Среќен ден на жените!
Твојата насмевка е како цвет,
го разубавува овој свет.
Насмевката твоја многу ми значи,
како што сонцето сјае, со среќа зрачи .
Ти посакувам безброј денови со насмевка на лицето.
Денес решив да ѕирнам во мојата душа и да го слушам моето срце. Во мојата душа ги видов твоите очи, твоето лице и твојата насмевка, а срцето.. моето срце го шепотеше само твоето име. Среќен Ден на жената, убавино!
Ти си за мене како најубав цвет,
Те сакам повеќе од целиот свет.
Те сакам луд од самиот старт,
многу бакнежи денес, за 8ми март.
Честитки
Те сакам. Ти си причината, надежта и сонот, сè што некогаш сум посакувал. И што и да се случи во иднина, секој ден поминат со тебе е најдобриот ден во мојот живот. Среќен 8ми март.
Можеби не ги наоѓам најубавите зборови,
затоа што има толку малку вистински,
знај дека никој не ми е подраг од тебе
Среќен ден на жените!
Највредниот подарок не се купува со пари, туку со срце. На овој ден, сакам да ти ги дадам сите мои најсуптилни чувства, целата моја љубов и нежност. Среќен осми март!
Убава си како самовила, и нежна како свила, чиста како роса, светла како сонце, силна како карпа, горд сум што си моја девојка. Среќен осми март!
Денес е 8 март, Денот на жената. Биди исполнета со среќа, насмевки, радост… и никогаш не престанувај да мечтаеш. Честитки!
Ништо на светот не може да ја направи личноста посреќна од искрената и вистинска убов. Јас го најдов мојата во тебе, искрена, вистинска, совршена и те сакам најмногу на светот. Среќен ден на жените!