Во последниве години, додатоците за коса станаа многу важни, доколку сакате да кажете за себе дека ги познавате и почитувате модните трендови.
Без оглед на должината на косата, бојата или видот на фризурата, шнолите, чешлите, панделките, марамите, па дури и дијадемите, станаа задолжителни за секоја дама која има стил.
Прво, впечатливите бисерни шноли го „скршија“ мразот. Потоа, тука беа меките, кадифни ленти. Ова лето, фризурите не можеа да се замислат без неодоливите, романтични панделки, а на почетокот на декември станаа популарни волнените ленти и турбани.
Сега е време да се вратат шнолите и тоа – колку е поневообичаено изгледаат, толку подобро.
Речиси е како нивната улога да не е само да ја држат косата, туку и дополнително да ја украсуваат.
Ливчиња, цвеќиња, бисери, камчиња… може да се најдат во различни варијанти, а од вас зависи како ќе ги вклопите во вашиот стил.
Особено е популарно ако ги нанижете на задниот дел од главата, како да формираат круна. Оваа фризура е многу лесна за правење и е идеална за свечени прилики или излегувања.
Комбинацијата на подолги и пократки шноли, исто така, може да даде многу уникатни и невообичаени резултати, како во примерот подолу.
Оние кои претпочитаат поедноставни варијанти, можат, како и многу sвезди на денешницата, да комбинираат повеќе обични или обоени шноли, за да добијат речиси панк-рок стил.
Или вратете го духот на деведесеттите со редење шноли на предните делови на косата – практично и убаво.
За оние кои сè уште се стремат кон поелегантен стил, шноли со бисери, необични форми, совршено се вклопуваат како дискретен додаток во косата, а притоа ќе ја освежат секоја фризура и ќе и дадат уникатен изглед.
И дури и ако не сте навикнати да правите комплицирани пунџи или да ја виткате косата, едноставното опавче е доволно за вас – само додадете ги овие нежни украси и претворете ја во фризура достојна за принцеза.
Оние кои би сакале да бидат различни, а не сакаат циркони и украси од тој тип, можат да се одлучат за некои од поапстрактните решенија. Геометриските форми се особено популарни.