Негата на лицето може да варира во зависност од сезоната. Во зима, потребно е да го заштитите лицето од студ, додека во лето од сонце.
Сепак, постојат неколку маски за лице што можете да ги користите без оглед на сезоната.
Оваа маска е една од тие, а потребни ви се само три состојки: маслиново масло, вода и глина. Сите состојки индивидуално се исклучително здрави за кожата, а во комбинација се уште поефикасни.
Подготовка:
Измешајте лажица вода, лажица маслиново масло и лажица глина додека не добиете фина смеса. Нанесете ја на целото лице (избегнувајте го делот околу очите) со прстите или со четка и оставете ја да стои. Кога ќе се исуши и малку ќе се стврдне, исплакнете ја со млака вода.
Не е потребно да се нанесува каква било крема по користење на оваа маска. Всушност, попожелно е да не се става ништо , туку да се остават корисните својства на маслиновото масло, вода и глина да делуваат во целост.