Free zone

Направете сами: Брз пилинг за убави раце


Кожата на вашите раце има тенденција да стане груба, со што се нарушува целокупниот изглед на вашите раце. За да ги одржувате рацете секогаш убави и меки, нанесете го следниов едноставен пилинг двапати неделно.


Истурете една до две лажици шеќер во вашата рака, а потоа скоро иста количина маслиново масло.
Состојките истријте ги помеѓу дланките, а потоа со кружни движења, тријте ги целите раце.

По неколку минути, измијте ги рацете со млака вода, исушете ги и ставете лосион или крем за раце.

Зошто овие две состојки? Маслиновото масло и ја дава потребната хидратација на кожата, а шеќерот ги отстранува мртвите клетки на кожата и нечистотиите. Нанесете го третманот двапати неделно или по потреба.

Напиши коментар