Адријана Лима ги допре своите следбеници на Инстаграм со последната објава.
Имено, таа објави слика на нејзината баба за која е многу приврзана, но поради епидемиолошката состојба не можеше да ја види некое време.
„Поради короната, не можам да се вратам во Бразил една година за да ја видам љубовта на мојот живот, баба ми Јулија. Таа во април ќе наполни 103 години. Ми недостасува. Пренесете љубовни пораки на баба ми “, истакна Лима, а нејзината објава предизвика масовни реакции.