Припадниците на посилниот пол се „послаби“ кога станува збор за „губење на главата“ заради жената што ја гледаат за прв пат во животот.
Тие и те како можат да се заљубат во само еден момент – тврдат британски истражувачи. За дамите, тоа оди побавно, затоа, како што велат научниците, им требаат најмалку шест погледи.
Првиот поглед трае околу пет секунди. Во меѓувреме, жената гледа во бојата на очите и изразот на лицето на мажот кога го сретнала.
Потоа следи друг поглед, кој трае десет секунди. Потоа го оценува неговиот стил, гардероба и колку е уреден.
Третиот поглед, од пет секунди, е насочен кон неговата коса, четвртиот на рацете, а петтиот на чевлите.
Само после тоа, кога ќе дојде шестиот поглед, долг 15 секунди, таа може да процени дали тој е потенцијален партнер, врз основа на однесувањето, одењето и невербалната комуникација, пренесуваат медиумите.