Линијата меѓу љубовта и омразата е тенка, но таа е уште потенка кај одредени хороскопски знаци. Во зависност од тоа кога се родени, на некои луѓе ќе им замерите многу полесно отколку на други, а ова се петте хороскопски знаци со кои е најлесно да станете непријател.
Овен
Можете лесно да му замерите на непредвидливиот Овен во секое време, а кога тоа ќе се случи, од нив можете да очекувате експлозивна реакција. Ако се најдете на списокот на нивните непријатели, можете да бидете сигурни дека сите ќе знаат за тоа, но не треба да се плашите од нивната одмазда, бидејќи во тој случај тие едноставно ќе ве избришат од нивните животи и ќе заборават дека постоите.
Близнаци
Близнаците денес може да ви бидат најдобар пријател, а утре најголем непријател. Тие се карактеризираат со променлива природа и брзање во изнесување мислења за другите луѓе, а ако ги повредите, сигурно ќе станете предмет на нивните озборувања, кои тие честопати се во можност да ги измислат.
Лав
Лавовите сакаат да бидат омилени во друштвото и пријатели со секого, а ако се најдете на нивната листа на непријатели, тие ќе сторат се што можат за да ве покажат пред сите други во најлошо светло. Сепак, Лавовите не го мешаат професионалниот живот со приватниот живот, па затоа е поголема веројатноста да добијат непријатели на работа отколку меѓу роднини и пријатели.
Девица
Девиците немаат многу пријатели и очекуваат дека нивното пријателство со оние што ги имаат ќе трае цел живот. Тие веруваат дека пријателството се заснова на меѓусебно почитување, па затоа ако не им биде возвратено со иста мера на почит, е најлесниот начин да станете нивен непријател. Кога Девиците ќе сфатат дека некој се дружи со нив само заради некоја лична корист, тие веднаш и засекогаш ќе ја исклучат таа личност од нивните животи.
Скорпија
На Скорпиите им е тешко да се дружат и им се отвораат само на оние луѓе на кои им веруваат целосно. Од луѓето што ги нарекуваат пријатели се очекува да го прават тоа до крајот на животот, но ако само еднаш ги изневерите или повредите, ќе добиете непријател за цел живот.