After Midnight

НЕ ПОТРЕБЕН ПАРИЧНИК – САМО ЉУБОВ! 5 начини да ја израдувате вашата сакана

Ако поради некоја причина не купивте подарок за вашата девојка, еве како можете да ја изненадите во последен момент

Ако сте од оние кои не подготвиле подарок сеуште, не грижете се – не е доцна! Погледнете што можете да направите за да го разубавите овој 8ми Март.

  1. Понекогаш е доволно добро, силно кафе!

Изненадете ја со кафе што ќе биде подготвено да ја чека на масата во трпезаријата или, ако пристигнете подоцна, донесете кафе „за да го однесете“. Таа сигурно нема да го очекува тоа!

  1. Направете список на работи што ви се допаѓаат за неа

Едноставно е и бесплатно – на едно парче хартија напишете „10 причини зошто те обожавам“, потоа на секое парче напишете по една причина, ставете ја првата на врвот, а потоа врзете ги хартиите со црвена нишка.

  1. Нека сè биде во форма на срце

Дали денес правите пица? Исечете го тестото во форма на срце! Пржете јајца на окото? Нацртајте срце над белката со нож и пресечете го вишокот на страна! Нека биде сè во знак на убов.

  1. Создадете пријатна атмосфера

Пријатна музика, внимателно одбран филм или пак ако вашата девојка е уморна, подгответе зна неа топла купка, а може да употребите и по некоја миризлива свеќа која ќе ја дополни атмосферата.

5. Пригитвете го нејзиното омилено јадење

Дури и ако ги немате потребните состојки за оригиналот, послужете се со она что ви е при рака за да го приготвите нејзиното омилено јадење. Не заборавајте – најважно е дека сте се потрудиле! Доколку времето дозволува, изнесете ја на пикник и уживајте во времето во природа и емоции.

Напиши коментар