Кожата на лицето е најизложена на сите надворешни фактори.
Веднаш потоа, кожата на нашите раце.
Неопходно е да и се обезбеди соодветна грижа.
Особено во текот на зимскиот период, кога студениот воздух ја ослабува бариерата на кожата, па дури и сега кога, поради Коронавирусот, дополнително е загрозена со зачестеното миење и дезинфекција на рацете.
Со цел нашите раце да останат нежни и меки во текот на зимата, најважно е да ја зајакнеме бариерата на кожата и да ја надоместиме изгубената влага.
Овие два совети ќе ви помогнат во тоа.
Интензивна хидратација
Користењето навлажнувачки крем по секое миење на рацете е исклучително важно, а рацете ќе ви бидат благодарни ако го нанесете повторно по 20-30 минути за да им овозможите дополнителна хидратација. При изборот на препарати, треба да знаете дека најефикасни се оние што содржат глицерин, природни масла или шеа путер. За интензивна хидратација, нанесете дебел слој лосион или крем на рацете еднаш неделно пред спиење, а откако кожата ќе впие, ставете памучни нараквици и спијте со нив. Овој трик го користат сите модели еден ден пред кампањата.
Парафинско пакување
Третмани со парафински восок се користат со години наназад за лекување на испуканата кожа на рацете и нозете. Прво треба да го стопите парафинскиот восок (можете да го купите во повеќето аптеки и продавници за убавина), а потоа да го нанесете на целата површина на раката. Кога горниот слој на восок ќе се исуши, ставете ракавици и почекајте да делува околу 15 минути. После тоа, соблечете ги нараквиците и извадете го восокот од рацете. Ќе видите дека вашата кожа ќе биде многу помека и помазна за момент, бидејќи овој третман ги отстранува мртвите клетки од и ја подобрува периферната циркулација.