After Midnight

Неколку факти кои покажуваат дека раскинувањето на врската сепак е најдобрата одлука

Раскинувањето е одлука, која во 99% од случаите се носи по детално разгледување, анализа на врската и сто пати поставеното прашање: Дали заслужува втора шанса? Сепак, одговорот е честопати негативен, ако сте искрени со самите себе, а токму затоа и се случува раскинувањето. Но, вие сè уште се прашувате – Дали донесов правилна одлука?

Еве неколку знаци дека сте направиле вистинска работа и дека раскинувањето е добра одлука:

  1. Кога животот ќе продолжи по раскинувањето, честопати ќе ви се чини дека повторно се запознавате себеси. Фактот дека сте повторно старите вие, ќе ви покаже појасно дека сте се изгубиле во врска, а таквата врска во која не сте целосно вие, секако не е вистинската.
  2. Во моментите кога сте сами, ќе ве изненади фактот дека сепак не сте осамени, дека сте сами со себе и со своите мисли и дека токму тогаш чувствувате дека повторно сте воспоставиле рамнотежа и мир, кои биле изгубени во врската.
  3. Животот по раскинувањето е навистина доба на ренесанса, преродба на сопствената личност. Одеднаш, се сеќавате на сè што сакате и што можете да направите за себе. А, заклучокот дека сте си самите доволни за среќа е драгоцен.
  4. Додека бевте во врска, вашите пријатели беа запоставени, а сега конечно повторно имате време за нив. Ова значи дека партнерот не само што ве окупирал вас и вашето слободно време, туку ги истерал вашите најблиски од вашето опкружување, а човек што ве сака никогаш не би го сторил тоа.

Напиши коментар