Не зборувајте негативно за вашиот партнер
Фрустрациите, разочарувањата и несогласувањата се сосема нормални во бракот, но не зборувајте негативно за партнерот пред други луѓе.
Не правете споредби
Никогаш не го споредувајте вашиот брак со браковите на другите парови, кои изгледаат „подобро“ од вашите. Наместо тоа, обидете се да ги поправите работите и да напредувате.
Изберете забава
Смеењето и убавото време поминато заедно со партнерот ја одржуваат и негуваат врската. Паровите кои ќе изберат да живеат во сегашниот момент имаат посреќен брак.
Не критикувајте со навредливи зборови
Секогаш постои добар начин да се кажат одредени работи. Критиката нема да се сфати со добра волја ако користите навредливи зборови, туку само ќе ја влоши ситуацијата.
Останете поврзани во текот на целиот ден
Паровите кои одржуваат контакт во текот на целиот ден, и физички и емоционално, полесно наоѓаат начин да одржат среќен и здрав брак.
Намалете ја употребата на технологијата
Паровите кои разбираат дека треба да се одделат од технологијата и разните уреди и да внимаваат еден на друг, секогаш се посреќни во бракот.
Бидете лојални
Бидете секогаш лојални и бидете на страната на вашиот партнер, пружете поддршка во секоја одлука што ќе ја донесе за подобра иднина.
Пронајдете хоби
Хобито е важо за активност и забава, а вие на тој начин ќе ја избегнете дневната рутина која станува монотона. Охрабрете се еден со друг преку заедничко хоби.