After Midnight

Неколку причини поради кои вашиот партнер нема да каже дека ве сака

Освен што се чувствуваат разочарани и засрамени, многу жени тогаш се чувствуваат како да згрешиле и како да избрзале со тоа, а има и такви кои се обвинуваат себеси за новата ситуација.

Имајте на ум дека проблемот е во вашиот партнер, а причините можат да бидат различни.

Не е сигурен за иднината на вашата врска

Убаво ви е во врската, но тој сè уште не ја изјавил својата љубов кон вас? Можеби на вашиот партнер му треба повеќе време за да види колку сте силно поврзани.

Има страв од врзување

Иако сите мажи се различни, голем број од нив влегуваат во врска плашејќи се од долгорочно врзување. Кога ќе чувствувате дека е вистинското време, ќе разговарате на оваа тема.

Можеби го кажал тоа невербално

Додека жените често сакаат да кажуваат конкретно што чувствуваат, посилниот пол наместо со зборови, тоа го покажува со мали дела. Размислете за начинот на кој ве бакнува, ве држи за рака, ве прегрнува и советува.

Тој не чувствува потреба да го каже тоа

Иако е од исклучително значење за поубавиот пол вербално да ја изразат својата љубов, мажите може да сметаат дека тоа не е толку важно.

Напиши коментар