After Midnight

Неколку причини зошто не треба да брзаме со раскинувањето на врските – Дури и тогаш кога ни се чини дека прекинот е најдоброто решение

Само затоа што чувствувате дека тоа не е вистинската личност со која мислите дека ќе имате среќен крај како на филм , не значи дека не треба да и дадете шанса на врската. Не секогаш, но има неколку ситуации кога ова е совршено добро.

  1. Собирате искуство
    Не е идеално, но вистината е дека не можете точно да знаете што сакате во врската додека навистина не бидете во врска. Секоја врска во која ќе бидете ќе ви одржи лекција и таа лекција може да ви помогне подоцна да бидете подобри во врската со вистинската личност. Ќе научите што е важно за вас, какви квалитети сакате кај момчето / девојката, а какви не, или како да се позиционирате во одредени ситуации. Плус, секоја врска може да ве научи на нови работи за вас. Само затоа што знаете дека не е тоа – тоа, не значи дека не можете да уживате во времето што го поминувате со таа личност и да дознаете нешто повеќе за врските.
  2. Учите да уживате во сегашноста
    Кога сме во врска што ни се чини дека е токму она што го сакаме и мислиме дека таа е таа личност со која ќе бидеме засекогаш, луѓето почнуваат да ги брзаат работите и да ја креваат врската на повисоко ниво, иако не се подготвени. Во врска што знаете дека нема да трае, можете да научите да уживате во сегашниот момент без да размислувате за иднината. Таквите мисли само ќе направат притисок и на вас и на врската, а тоа води до катастрофа. На овој начин ќе научите да се опуштате и да се препуштите на моментот.
  3. Прекините се дел од животот и треба да го прифатите тоа
    Никој не ги сака, но тие се тука. Ако постојано живеете во страв дека вашата врска може да заврши и раскинувањето да ве повреди многу, нема да можете да уживате во таа врска од толку страв. Ако излегувате, треба да знаете дека раскинувањето е тешка работа, но исто така и многу веројатно да ви се случи. Понекогаш сакаме да раскинеме и да избегаме од врската, затоа што се плашиме дека таа личност подоцна ќе ни го скрши срцето и дека со текот на времето ќе ни биде уште потешко да се справиме со раскинувањето, кога ќе станеме поприврзани за неа. Затоа, бараме глупави причини да се откажеме, а една од нив може да биде да замислиме дека на крајот на краиштата ова не е личноста за нас. Стравот од раскинување и скршено срце не треба да биде причина за раскинување. Секогаш може да се случи, но не е нешто за што треба да размислите и да го гледате како причина за напуштање на врската.
  4. Работите секогаш можат да се променат
    Но, дали сте сигурни дека ова не е вистинската личност за вас? Како што нашите животи се менуваат додека растеме, така се менуваме и ние, и само затоа што сега сте во тежок и проблематичен период за вашата врска, не значи веднаш дека е крај. Ако личноста со која сте во врска малку се променила и повеќе не ви се чини во ред, може да има милион причини за ова и не мора веднаш да ја отпишувате. Секој понекогаш поминува низ потешки времиња и тогаш нема да бидат целосно свои. Ако сте задоволни во врската и сè е одлично, во ред е да останете во неа уште некое време за да видите дали работите се враќаат во нормала или не.

Напиши коментар