Free zone

Неколку секојдневни навики кои можат многу да ѝ наштетат на вашата коса

Луѓето, како и животните, го менуваат влакното. Секојдневно, едно лице губи од 50 до 100 влакна, што е занемарливо со оглед на тоа што имаме 10 000 фоликули влакна на горниот дел од главата.

Сепак, работите можат брзо да се влошат.

Ова се најчестите причини зошто вашата коса станува се потенка и потенка:

Прескокнувате оброци

Кога не добивате доволно калории, вашето тело ја пренасочува целата своја енергија кон основните функции како што се срцето и мозокот, занемарувајќи ја косата. Обидете се вашата диета да ја направите што е можно побогата со протеини.

Премногу се изложувате на сонце

Подолгото изложување на топлина и сончева светлина може да ја исуши косата и да го оштети скалпот, што доведува до опаѓање на косата. Затоа, секогаш кога можете, користете капа додека сте изложени на сонце.

Премногу ја затегнувате косата

Плетенки, репчиња и слични фризури создаваат огромна и постојана напнатост на фоликулите на косата во близина на корените. Ако чувствувате дека вашата фризура ја затегнува кожата на лицето, задолжително ослободете го притисокот, спијте со пуштена коса и користете меки и удобни гумени ленти, што нема да ја оштетат вашата коса.

Ја миете косата со топла вода

Топлата вода ја дехидрира косата, оставајќи ја сува, кршлива и склона кон опаѓање. Топлата вода исто така може да ја зголеми популацијата на микроби и бактерии на главата. Користете шампон кој содржи селен, цинк и антифунгални својства.

Премногу често користете фен и пегла за коса

Ограничете ја нивната употреба на 2-3 пати неделно и поставете ги на најстудените можни поставки. Исто така, користете производи за заштита од топлина кога користите пегла за коса или фигаро.

Ја чешлате косата додека е се уште влажна

Нашите прамени се најслаби и склони кон кинење кога се влажни. Чешлањето на целосно влажна коса и грубото триење со крпа создаваат идеални услови за кршење. Затоа, обидете се да ја сушите косата природно колку што можете почесто и да ја чешлате пред да ја измиете.

Напиши коментар