After Midnight

Неколку типови на жени од кои мажите се плашат

Премногу мистериозни жени

Постои изрека дека „секоја жена треба да има тајна“. Се разбира, ова е точно до одреден степен. Но, кога жената ќе почне да се однесува премногу мистериозно, а потоа исчезнува на неколку дена, без никакво образложение, не одговара на телефон или се повлекува од договорот во последен момент, ниту еден самоуверен маж нема да го толерира тоа, дури и ако му се допаѓа.

Себична жена

Нема потреба од дополнително појаснување на ова. Таквите жени секогаш им пружаат внимание само на оние кои живеат во пари и луксуз. Единствениот критериум при нејзиниот избор на следен „животен партнер“ е прашањето: „Што може да ми понуди тој?“. Значи, таквата жена ќе си замине веднаш штом ќе го најде оној што може да и понуди повеќе.

Жени со премногу големи барања и очекувања

Таквата жена никогаш не може да биде целосно задоволна или среќна. Таа секогаш ќе ја префрли вината за нејзиниот живот и сè што се случува врз нејзиниот партнер. Исто така, ако мажот не ги оправда нејзините надежи и очекувања, ќе следи викање и кавга. Како што знаете, постојаната стремеж да се биде среќен и да се живее според нечии очекувања е напорна работа. Затоа, секој маж избегнува ваква врска.

Емоционално нестабилни жени

Таквите жени обично “прават слон од мравка”. Тие не се хранат со леб туку со скандали. Тие Прилично се токсични бидејќи цицаат енергија и се хранат со количината на емоции и нерви што ги трошат луѓето околу нив. Колку повеќе такви ситуации создаваат, толку подобро за нив. Може одеднаш да пуштат солза, а веќе по неколку минути да се смеат повторно како ништо да не се случило. Се разбира, многу е тешко да се има блиска и долгорочна врска со таква личност, бидејќи не е јасно што може да се очекува од неа во следниот момент.

Жени кои ги омаловажуваат мажите

Овие жени можат сè да направат сами и знаат сè подобро од другите. Таквите жени лесно се препознаваат бидејќи нивните фрази обично започнуваат со „Јас лично …“, „”Јас ќе ја поправам славината затоа што ми се чини дека не ти оди добро …“. Исто така, мажите тоа обично го забележуваат на првиот „состанок“, кога после вечерата во ресторанот веднаш ќе речат: „Ќе си платам за себе, не сакам ништо да ти должам“.

Секако, некаде длабоко во нивната душа, таквите жени сакаат љубов и грижа, сакаат да се опуштат и да престанат да прават сè самостојно. Но, поради несреќно искуство од минатото, тие повеќе не им веруваат на мажите и не очекуваат никаква помош од нив. Се разбира, ваквите жени можат да се „загреат“, но пред тоа, мажот мора да биде подготвен да помине низ фаза на постојана девалвација на сè што прави за неа, недоверба и одбивање.

Напиши коментар