Скорпија
Скорпиите се познати како најголеми мајстори за манипулација. Ова значи дека ќе ви биде тешко да ги „превеслате“ – тие се потпираат на шестото сетило и скоро никогаш не грешат во проценката.
Припадниците на овој знак знаат да постават граници, што значи дека никогаш нема да направат нешто што навистина не го сакаат, а во случај на притисок, ќе се спротивстават, а честопати и ќе ви сервираат одмазда.
Бик
Бикот е поим за стабилност и сила и не постои начин да го убедите да направи нешто што не сака. Тие веднаш ќе го искажат своето мислење и ќе ве отфрлат без никакви проблеми, кога нешто не им се допаѓа.
Бикот не обрнува внимание на коментарите за околината, туку секогаш работи онака како што замислувал. Затоа, зборот „не“ е често во нивниот речник, дури и ако тоа подразбира страдање од последиците.
Лав
Огнените Лавови се познати како нарциси, а почитувањето од нивната околина е многу важно за нив. Затоа, тие никогаш не простуваат измама и каков било друг тип на манипулација и подготвени се да му го загорчат животот на оној којшто ги повредил.
Слично на Скорпиите, припадниците на овој знак се многу одмаздољубиви.