Free zone

Непогрешливи знаци: Ова се сигнали кои покажуваат дека имате работа со измамници!

Без оглед колку се трудите и мислите дека знаете како да ја препознаете разликата помеѓу чесните луѓе и оние што се преправаат, секогаш постои некој мал знак, којшто ќе го пропуштите.

Вие не знаете да читате умови, тоа стои, но сепак не значи дека не можете да препознаете неискрени личности. Следните седум работи ги издвојуваат од чесните:

  • Искрените луѓе почитуваат сè, без оглед на позицијата и количината на моќ што ја поседуваат. Од друга страна, измамниците ги почитуваат само луѓето од кои можат да добијат нешто.
  • Искрените луѓе не се обидуваат да ги задоволат сите. Измамниците секогаш сакаат на сите да им се допаднат.
  • Искрените луѓе не бараат внимание, а измамниците се обидуваат да го добијат на секој можен начин.
  • Искрените луѓе се прилично скромни и не се фалат. Останатите се фалат насекаде.
  • Искрените луѓе отворено го искажуваат своето мислење. Измамниците оговараат.
  • Искрените луѓе секогаш се обидуваат да ги исполнат своите ветувања. Измамниците ветуваат, а потоа тешко им е да го исполнат ветеното.
  • Искрените луѓе им се восхитуваат и често ги фалат другите, додека измамниците ги критикуваат за да излезат подобри.
  • Искрените луѓе се добри и често им помагаат на другите. Измамниците се фини само затоа што имаат „повисока цел“.

Напиши коментар