Free zone

Неправедно осудени: 5 интересни факти за црните мачки

Неправедно обвинети, црните мачки доживувале прогон и тортута со векови наназад. Сепак, во многу земји од светот, црните мачки се сметаат за амајлии и се даваат како подароци, со цел да донесат среќа, пари, успех и сигурност.

Црните мачки се најголеми жртви на предрасудите, иако единственото нешто по коешто навистина се истакнуваат е бојата на нивното крзно.

Црните мачки се сметаат за најдобри пријатели на морнарите
Мачките често се видени на бродовите како ловат глувци, но морнарите генерално претпочитаат црни мачки, верувајќи дека ќе донесат среќа и ќе обезбедат сигурно враќање дома.

Црните мачки се всушност темно сини
Во соодветно светло, нијансите на крзното на црните мачки варираат од црни како јаглен, сиво-црна до кафеаво-црна.

Постојат 22 различни видови на црни мачки, а единствената официјално призната е расата Бомбај, чија пигментација на црно крзно е многу поголема кај мажјаците отколку кај женките, а високото ниво на меланин во пигментот предизвикува да добијат жолти очи.

Египќаните ги обожавале како богови
Античките Египќани многу ги ценеле црните мачки. Една од најпознатите фигури на црна мачка од тоа време е Басет, позната како Божица на мачките.

Сите црни мачки кои лутале низ градовите се сметале за реинкарнација на таа божица. Секој што ќе повредел црна мачка бил казнет!

Тие имаат свој ден
Малкумина од нив знаат дека Светскиот ден на црната мачка се слави на 17 август. Овој ден е основан за да им се оддаде почит на овие прекрасни мачки, за кои сме грешеле многу низ вековите, благодарение на предрасудите и суеверието.

За нив се верува дека одржуваат среќен брак
Во Мидлендс (Велика Британија), веруваат дека црната мачка е поврзана со среќен брак, а црните мачки често се насликани и на поканите за венчавки, како и на другите украси поврзани со венчавката.

Напиши коментар