Celebrity

Ни пристигнува и филм “Peaky Blinders” – Томи Шелби нема така лесно да се повлече

Авторите на популарната серија „Peaky Blinders“ уште од првата сезона на серијата размислуваа за можноста во одреден момент да ја пренесат на големото платно.

Сега е потврдено дека публиката ќе може да го гледа филмот „Peaky Blinders“, ќе се емитува по шестата сезона и ќе ја комплетира целата серија. Филмот треба да ни ја покаже последната авантура на бандата од Бирмингем.

Претходно, авторот Стив Најт, објави дека плановите се променети, дека серијата ќе има само шест сезони наместо уште две најавени сезони, и дека шестата (што се снима во моментов) ќе биде последната сезона.

„Короната навистина ги наруши нашите планови, но тоа нема да влијае на квалитетот на серијата на било кој начин. Можам да кажам дека од самиот почеток, планот беше да се заврши сè со снимање на филм и сега знаеме дека тоа и ќе се случи “, изјави Најт и додаде:

„Сигурен сум дека шестата ќе биде најдобрата сезона и ќе им се допадне на нашите фанови.“

Напиши коментар